Хит претставата „Детектор за лаги“ на охридскиот Народен театар утре, четврток 9-ти април ќе биде изведена и на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.