Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(25) од охридското село Велгошти.
Пријавениот, во текот на јануари 2013 година, нелегално набавил возило марка „опел монтереј“ 3.1 Д, кое на противправен начин и без соодветна документација го ставил во свое владение, сопственост и користење и како странска стока било ставено во нелегален промет во Република Македонија.
Сега пријавениот И.Ш. на возилото противправно ставил лажна бугарска регистарска таблица и во периодот август 2013 — септември 2014 година, употребувајки ја како вистинска, патничкото моторно возило неовластено и противправно го управувал.
Иако знаел и бил должен да знае дека конкретната странска регистарска таблица е фалсификат, бидејќи немал ниту еден документ издаден од овластен орган или друг доказ кој укажува дека е истата легално издадена за конкретното возило, пријавениот И.Ш. сепак свесно се согласил да го користи и употребува патничкото моторно возило.
Од проверките на СВР Охрид и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија преку Интерпол, утврдено е дека конкретната странска регистарска таблица, потекнува од патничко моторно возило марка „Фиат пунто“ со конкретен идентификационен број, а издадена од бугарските органи за извоз и транзит од земјата. За возилото не била спроведена постапка за увоз со плаќање на царински и други увозни давачки согласно закон, па затоа не ни смеело да се пушти во слободен промет на подрачјето на Република Македонија.