Акција за зелен отпад на „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба „Охридати“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 11-ти април (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба „Охридати“.

„Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.“– велат од претпријатието.