Почнувајќи од денес – секој четврток од 10:00 до 15:00 часот ќе бидат „Отворени денови за осигурениците“, во сите подрачни служби на Фондот за здравствено осигурување.
Подрачната служба Охрид за успешно реализирање на овој Проект одреди посебна просторија, (сала за состаноци – соба бр. 13 на втори кат) и службеници кои ќе се потрудат да им помогнат на осигурениците со информации за остварување на нивните права и обврски од здравственото осигурување.
Во Струга, осигурениците можат да се обратат во канцеларија бр. 2, 3 и 13.
Инаку, како и до сега, сите служби од оваа подрачна служба се отворени за осигурениците и во другите работни денови.