По повод вечерашното чествување на Великден (11/12/04), односно одржувањето на централниот настан во соборниот храм “Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во периодот од 18,00 часот до 06,00 часот (на 12.04.).
Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните делници околу Соборниот храм: потег на булеварот Партизански одреди од улицата “Рузвелтова“ и до булеварот “ВМРО“, булеварот Илинден и булеварот “Гоце Делчев“, потоа делот од булеварот “Свети Климент Охридски“ меѓу улиците “Орце Николов“, “Димитрие Чуповски“ и булеварот “Илинден“. Исто така забрана за сообраќај ќе има на делниците меѓу улиците “Иван Милутиновиќ“ и “Костурски Херои“, ул. “Борка Талески“ – ул. “Аминта Трети“, како и ул “Аминта Трети“-“Орце Николов“, “Аминта Трети“ – ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, и улиците “Васил Главинов“-“Димитрие Чуповски“.
Покрај ова мотопатролни служби и полициски службеници на СВР Скопје ќе бидат распоредени и околу другите храмови на МПЦ на подрачјето на Скопје каде што ќе се одржува Великденското чествување и зависно од потребите сообраќајот ќе се пренасочува и околу нив.