Зголемен бројот на туристи во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2015 година изнесува 29 743, а бројот на ноќевањата изнесува 62 297.

Бројот на туристите во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е зголемен за 9.0%, а бројот наноќевањата е зголемен за 2.8%.

Бројот на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е намален за 11.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, енамален за 13.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16.0%.

Во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.6%, а кај странските има зголемување за 18.2%.

Во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12.1%, а кај странските има зголемување за 15.0%.