По повод 24-ти мај, Денот на македонските просветители Светите „Кирил и Методиј“ и 25-ти мај патрониот празник на ОУ „Братство Единство“, Охрид, училиштето распишува конкурс (отворен од денот на објавувањето до 12-ти мај) за поезија во две категории: за ученици од основно образование и за ученици од средно и високо образование, воедно и за сите повозрасни творци.
За секоја категорија ќе се доделат прва, втора и трета награда.
„Наградите ќе бидат книги – подарок на ОУ – „Братство Единство“, заради одличната соработка што ја имаме со издавачката куќа МАКАВЕЈ – Скопје. Песните се праќаат во поголем плик потпишани со шифра. Во поголемиот плик се става и помал плик во кој ќе биде напишан телефонски број, на кој секој ученик со наградената творба ќе биде известен.“- информираат од ОУ „Братство Единство“.
Творбите треба се праќаат на адреса ОУ „Братство Единство“ – Охрид, Ул. 7 Ноември бр.85 Охрид, но може и да се однесат директно кај секретарот на училиштето. Доколку творбите се праќаат по пошта, последна дата за праќање е 12-ти мај годинава.