Охридскиот Народен Театар гостува на фестивалот „Денови на Нушич“ во Србија

Охридскиот Народен Театар во сабота, 18-ти април ќе гостува на фестивал „Денови на Нушич” во Смедерево – Србија, со хит претставата „Детектор за лаги“, во режија Ненад Витанов.

Годинава се одржуваат 32-рите „Денови на Нушич”. Фестивалот е основан во 1984 година во чест на Бранислав Нушич кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.