Прва дигитална 3D филмска проекција во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.

Во рамки на проектот формирана е мрежа од кино сали низ Македонија во соработка со Центрите за култура од Охрид, Штип, Прилеп, Струга, Дебар, Кичево. Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања, како и филмски ревии, фестивали и.т.н.

За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.

Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции.

4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 17:00 часот, влез 200 денари

„Зошто не го изедов татко ми“- анимирана комедија 3D  (синхронизирано на македонски) / Pourquoi j’ai pas mangé mon père

Анимираната комедија „Зошто не го изедов татко ми“ не враќа во период од пред две милиони години, кога веднаш по ручекот, младиот примат по име Едвард паднал од дрво. За да преживее, Едвард се исправува и го измислува одењето на две нозе, додека по некое време ја усовршува својата генијалност – го пронаоѓа огнот, ловот, љубовта и надежта…

4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 19:00 часот, влез 150 денари

Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2D / The Second Best Exotic Marigold Hotel

Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2 е големиот сон на Сони (Дев Пател) кој му одзема и повеќе време отколку што има, со оглед на тоа дека тој штотуку стапил во брак со Сунаин (Тина Десаи), која е љубовта на неговиот живот.

4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 21:00 часот, влез 200 денари

Одмаздници 2: Ерата на Ултрон 3D / The Avengers: Age of Ultron

Кога Тони Старк ќе се обиде да ја стартува заборавената мировна програма, работите ќе тргнат во погрешна насока…