Русите бараат забрана за производство и продажба на оружје-играчки

Член на Јавната комора на Русија побарал од пратениците да се регулира производството и продажбата на оружје-играчки, а особено да се забрани продажбата на сите реални копии на оружје, стравувајќи дека може да се случат несакани инциденти како оние во САД.

Ваква слична забрана постои во САД, Бразил и Венецуела.

Статистичките податоци покажуваат дека 10% од вооружените грабежи во светот се изведуваат со употреба на лажно оружје.

Руската полиција исто така евидентирала такви случаи, каде на местото на злосторството биле пронајдени реплики од оружје.

Руските закони и овозможуваат на полицијата да „отвори оган“ кон оние лица кои се закануваат или користат објекти кои личат на оружје.