УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид делеше промотивни флаери

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, денес на Градскиот плоштад постави штанд на кој се делеа промотивни флаери.

Штандот со промотивните флаери кои се однесуваат на мерките за намалување на невработеноста кај младите, мерките за самовработување, субвенционирањето на вработувањето на младите и програмите за ИТ обуки и практиканство за млади невработени лица, на Градскиот плоштад ќе биде поставен секој ден до четврток (23.04.2015), а заинтересираните млади од Охрид ќе можат да дојдат и да се информираат за мерките.