По повод Светскиот ден на планетата Земја, на ден 22-ри април, (среда), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг насловен „Охрид фин, зелен и син“, фото-работилница и ликовен перформанс.
Имено организатор на настанот е ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата. Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро.
Се очекува присуство и од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакречески.
Во целост ја пренесуваме програмата:
ПРОГРАМА
Модератори: Лејла Гогова и Жанко Голабоски
Најава и краток анимиран филм (видеобим)
Обраќање на проф. Трајче Талевски, Хидробиолошки завод Охрид „Охридското Езеро и неговите обележја во светски рамки“
Музички настап The Hounds и Леа
Избрана поезија од Анте Поповски и Јовица Ивановски, во изведба на Енис Хилми
Музички настап со специјалниот гостин Игор Џамбазов и охридскиот виртуоз Дамјан Пејчиноски
Стенд ап перформанс од Никола Тодоровски, Охридски театар
Музички настап на Јана Гигова и / или The Quartet
работилница „Здив, вода , звук”, на Теодора Костовска, учител на фондацијата „Арт оф ливинг“.
Едукативно видео , избор на анимирани филмови на видеобим и еко-песна на К-15
Работилници:
Фото-работилница предводена од г. Румен Ќамилов „Порака во шише“;
Ликовен перформанс со Симонида Филипова Китановска, Илина Арсова, Марија Боздогановска ;
Детска работилница за рециклирачка уметност (Ре – ЦиГла – жа) со Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, Славица Шекеровска – лотосов цвет и риба на суво;
Анималиа и ЕДЕН – штанд за подигнување на свеста за животните и животната средина.