Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Продолжуваат трибините на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ денес во Делчево во 18 часот во Домот на културата АСНОМ, ќе одржи трибина пред граѓаните на која ќе бидат презентирани актуелните ставови за актуелните теми.

На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, министерот за здравство Никола Тодоров и потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски.