Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставници и соработници на високообразовните установи во академската 2014/2015 година изнесува 3 616.
Од вкупниот број на наставници и соработници, 2 453 или 67.8% се наставници и 1 163, т.е. 32.2%, се соработници во наставата.
Бројот на наставници и соработници – жени во учебната 2014/2015 година изнесува 1 710 или 47.3%.