Средба на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски со Даниел Кадик, директор на фондацијата Фридрих Ноиман за Југоисточна Европа

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска се сретна со Даниел Кадик, директор на фондацијата Фридрих Ноиман за Југоисточна Европа и претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација.

Констатирано беше дека во земјата се нарушени демократските процеси и човековите права од недемократското владеење на власта, што директно се докажа преку процесот што го води СДСМ, Вистината за Македонија.

Потпретседателот на СДСМ, Манчевски истакна дека поддршката од меѓународната заедница во овој процес е од исклучителна важност и дека враќањето на слободата и демократијата се основните заложби поради коишто опозицијата го почна проектот Вистината за Македонија.