Децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ утре во посета на Езерската полиција

Утре, 24-ти април (петок), во 10:00 часот, децата од објектот „Развигорче“ и Лескоец од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе ја посетат Езерската полиција. 

Тие ќе се запознаат со работата и опремата на полицајците во просториите на МВР – Езерска полиција.

Активноста се реализира во рамките на проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“, кој се реализира во соработка со МВР Охрид и Општина Охрид.