Во рамките на училишниот материјал и програма по предметот Опшество, учениците од IV одделение од ОУ ,„Дебрца“ заедно со своите наставнички денес ја посетија општина Дебрца.
Целта на оваа посета беше запознавање на учениците со функционирањето на Општината. Учениците ја искористија можноста при оваа посета да поразговараат со Градоначалникот и да постават редица интересни прашања поврзани со Општината. За нив интересно беше да слушнат кои се активностите и работата на Градоначалникот, на Советот и на службите кои функционираат во состав на општина Дебрца.