Комплетирано 26-то коло од Првата МФЛ

Со денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Вардар беше комплетирано 26-то коло од Првата Македонска Фудбалска Лига. Имено, овој натпревар се одигра во Куманово бидејќи од страна на МВР беше прогласен за натпревар од висок ризик. Останатите натпревари се одиграа во средата (22-ри април), а постигнати беа следните резултати:

Работнички  2:2  Металург

Ренова  1:1  Турново

Силекс  1:0  Пелистер

Тетекс 0:0 Брегалница

Шкендија  3:2  Вардар

Вардар и понатаму останува на врвот од табелата со 58 бодови, пред второпласираниот Работнички кој има 55 бодови.

WebOhrid