Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана од амбасадорот на Словачка во Република Македонија, утрово во Скопје присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на Чешка, Полска и Унгарија, што традиционално се организира од актуелниот претседавач со Вишеградската група.
Како што соопшти МНР, настанот беше искористен за размена на мислења за соработката меѓу Република Македонија и четирите земји во различни области од взаемен интерес, интергацијата на Македонија во ЕУ и НАТО, регионалните состојби и проекти наменети за што поголемо регионално економско и инфраструктурно поврзување, а во овој контекст и за активностите на македонското претседателството со ЦЕИ во 2015 година.
Амбасадорите од Вишеградската група ја реафирмираа принципиелната и конзистентна поддршка на нивните земји за проширувањето на ЕУ и НАТО со мериторен пристап и исполнување на неопходните критериуми за членство во двете организации, стои во соопштението.