Министерот Адеми присуствуваше на доделувањето на наградите на најдобрите учесници на Републичкиот натпревар по Албански јазик

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на доделувањето на наградите на најдобрите учесници на Републичкиот натпревар по Албански јазик.

„Овој натпревар, како што и самите знаете се возобновува по цели 15 години, и претставува одлична можност за учениците преку литературата да ги одмерат своите знаења“, истакна министерот Адеми.

Министерството за образование и наука, напомена министерот, ги поддржува ваквите натпревари, и затоа донесе одлука сите здруженија кои организираат натпревари, без разлика дали станува збор за државни или меѓународни, истите да бидат акредитирани од страна на државата.

„Денес сите вие сте победници, но сепак некој треба да го понесе пиететот најдобар. Затоа не се откажувајте, следете ги Вашите соништа, верубвајте во нив, а тие еден ден ќе станат реалност“, напомена министерот Адеми.