Експресниот пат Охрид – Пештани ќе биде согласно сите еколошки стандарди

Експресниот пат Охрид – Пештани, кој е значајна инвестиција за регионот, ќе биде согласно сите еколошки стандарди, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Охрид.

„Во моментов интензивно работиме на овој проект со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија ќе обезбедиме еколошка одржливост согласно сите процедури“, потенцира Груевски.

Веќе наесен, како што додаде, се очекува распишување на постапка за избор на изведувач на градежни работи и ако се е во ред согласно планот до крајот на годината ќе се започне со изградба на оваа значајна патна делница која што ќе биде од корист за охриѓани, но и за развој на туризмот во регионот.

Груевски додаде дека за изградбата на експресниот пат Охрид – Пештани во должина од 14,5 километри ќе бидат инвестирани околу 60 милиони евра.