На светско ниво сè поголема е заинтересираноста за професијата Бармен, а пред се за квалитетна угостителска услуга. Трендот во последните неколку години, кажува дека и македонските конзументи и угостители сè повеќе обрнуваат внимание на угостителската услуга, а и на коктел културата.
Здружението на Бармени на Македонија е организатор на Официјалните државни првенства на Бармени на Македонија. Досега се организирани седум, во текот на утрешниот ден ќе се одржува осмото издание, каде ќе се изберат двајцата најдобри бармени во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг (акробација) во подготовка на коктели.
Осмото издание на ова првенство, за прв пат се сели во Охрид, центарот на угостителството и туризмот во Македонија. Причината за позиционирањето е пред се предизвикот кој треба да го прифатат тамошните угостителско – туристички капацитети со цел подобрување на услугите кон потрошувачите, туристите, а генерално поради оставање на значителен печат во HoReCa сегментот. По тој повод Здружението на Бармени на Република Македонија, утре ќе го одржи осмото државно првенство на бармени на Република Македонија.
Инаку, Здружението на Бармени на Македонија како непрофитна и невладина организација официјално започнува со работа во 2005 година. За краток период го подига нивото на македонските Бармени како и угостителската дејност во Македонија. За период од две години делување на територијата на Македонија, станува полноправен чнен на International Bartenders Association (IBA).