ОК на ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Резултатот од добрите и успешни политики на ДПМНЕ, како на централно, така и на локално ниво, ги видовме на „големиот народен“ собир на партијата. Дебаклот кој го доживеаја во саботата ги покажа одговорот на граѓаните за нивното работење.
Автобусите кои беа донесени од скоро цела западна и централна Македонија не помогнаа да се наполни салата и Груевски да се обрати пред полна сала. Да не зборуваме за охриѓани кои беа во многу мал број иако во изминатите денови вработените во државните и локалните институции беа под силен притисок да присуствуваат на собирот во спортската сала.
Ова е реалната слика за поддршката на политиките на власта од страна на граѓаните. Крајот на режимот го гледаме во многу блиска иднина. Граѓаните се помасовно покажуваат дека водењето на државата е во многу лош правец и на работ на пропаста“. – стои во соопштението од ВМРО-НП Охрид.