Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 101.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9.2%), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4%) и Уметност, забава и рекреација (4.6%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.3%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2015 изнесува 31 126 денари. Во февруари 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.