Утре, 29-ти април, (среда), во 12:00 часот, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието заедно со општина Охрид ќе го прослават завршетокот на реновирањето на основното училиште „Братство- Единство“ во Охрид.
Координатор за операции во Канцеларијата на аташето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје, Главен наредник Дејвид Кокс, Градоначалник на општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на основното училиште „Братство Единство“, Муамер Доко, ќе одржат кратки говори по што свечено ќе бидат ставени во употреба реновираните простории во училиштето.