Одржано предавање „Живеј здраво живеј безбедно“ во ОУ „Григор Прличев“

Под мотото „Живеј здраво живеј безбедно“, денес во ОУ „Григор Прличев“ Охрид и подрачното училиште во Населба Рача се одржа едночасовно предавање за превенција од зависности и борба против дрогата. Во организација на СВР Охрид, предавачи м-р Благојче Стевоски и Игор Петрески, ваквите предавања имаат цел учениците да ги подготват за опасностите со кои можат да се соочат во иднина.

Предавањето беше проследено со голем интерес и внимание, преку видео презентации и разговор со учениците, полициските службеници успешно ја доближија оваа проблематика.