Откриен и приведен осомничениот за убиството во село Љуботен од 16-ти овој месец

Завчера (27.04.), околу 23,00 часот по предходно првземени интензивни мерки од страна на припадници на единицата “Алфа“ во с. Љуботен беше пронајден и лишен од слобода Т.Б. (21) кој се сомничи дека на 16 овој месец пред џамијата во село Љуботен пукал кон Џеваир М. (31) кој од здобиената повреда од огнено оружје починал на самото место на настанот. Кај приведениот осомничен за извршување на кривичното дело ’убиство“ истовремено пронајдена и една автоматска пушка АК 47 со калибар 7,62 мм којашто е исто така предмет на кривичното дело. Од страна на Судија на предходна постапка на Т.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста на 16.04. околу 19,00 часот А.М.(23), брат на починатиот Џеваир М.(31) се движел со возило во правец кон нас . Радишани каде во близина на кружниот тек во н. Бутел, поради недавање на првенство во сообраќај се скарал со лицето Ј.Б.(19) брат на пријавениот Т.Б. кој исто така се движел со возило. Тие застанале по што започнале вербална расправија и при тоа си размениле по неколку удари со боксови по што го напуштиле местото на настанот. Откако А.М. пристигнал дома, неговиот брат Џеваир М. му кажал дека добил телефонски повик од негов пријател кој ги повикал двајцата да појдат во с.Љуботен каде ќе дошло лицето со кое претходно А.М. имал расправија за да направат меѓусебно помирување.

Околу 21,30 часот А.М. и Џеваир М. со возило се упатиле кон с. Љуботен каде на патот на влезот од селото биле пресретнати од Р.Ј.(58) татко на пријавениот кој бил заедно со неговиот син Ј.Б. и им кажале да продолжат да возат се до џамијата. Откако стигнале кај џамијата, А.М и Џеваир М. излегле од возилото по што Џеваир М. се упатил кон Р.Б.и Ј.Б. и започнал разговор, а во еден момент од споредна уличка се појавил пријавениот Т.Б. кој бил вооружен со автоматска пушка веднаш без никакво предупредување испукал еден куршум во правец кон Џеваир М. кого го погодил во пределот на градниот кош по што го напуштил местото на настанот.