Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.А. (43) од Прилеп.
Во периодот од јуни 2014 се до март 2015 година, пријавениот со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти низ градот.
Притоа тој противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони,текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници и други предмети.
На тој начин, пријавениот Е.А. на оштетените им причинил значителна материјална штета а самиот се стекнал со голема противправна имотна корист.