СДСМ: Мијалков, братучедот на Груевски, стои зад СГС и милионите

Претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, денес одржа прес-конференција, на која истакна:

„Вистината за Македонија продолжува од Кавадарци. Граѓаните на Кавадарци се приклучуват во борбата за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.

Денеска јавноста ќе слушне за злоупотреби на приватни фирми во Кавадарци за партиските цели на ВМРО-ДПМНЕ но и за поднесена оставка на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Денеска од Кавадарци граѓаните ќе ја слушнат вистината за тоа кој стои зад Агенцијата Секјурити груп сервисис, којашто добива милионски бизниси од власта на Никола Груевски.

На почеток, ќе слушнеме сет од 8 разговори во периодот пред локалните избори одржани во 2013 година.

Во првиот разговор за денес, помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов, градоначалник на Кавадарци, јавноста ќе слушне дека Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ биле координирани токму од градоначалникот. Дополнително, овој разговор го открива она што јавноста веќе го знае, дека зад партијата СДПМ целосно стои ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот разговор од овој сет, помеѓу Јанакиески и Панов, јавноста ќе слушне потврда дека проблемот со долгот кон лозарите, настанат со продажбата на Винеја а поради што лозарите излегоа на протести, е сериозен. Дополнително јавноста ќе го слушне мислењето на Панов за советничката листа на неговата ВМРО-ДПМНЕ. „Не е убава“ листата, вели Панов.

Третиот разговор од овој сет е помеѓу Зоран Ставрески и Александар Панов. Ставрески чул дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев бил во посета на Кавадарци и фабриката ИГМ. Ставрески толку е уплашен од посетата на претседателот Заев па бара начин и на него да му се организира посета, не само Кавадарци туку и истата фабрика. Панов и Ставрески договараат како да се убеди сопственикот на ИГМ од Кавадарци да даде изјава за поддршка на власта на Никола Груевски. Преку познатите методи на ВМРО-ДПМНЕ, со спинување, веќе договорената изјава треба да се искористи за да се минимизира посетата на претседаелот Заев.

Јавноста слушна за изборните криминали на Груевски и злоупотребите на власта за партиските цели на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот и со Кавадарци. Во следните два разговори од овој сет граѓаните ќе слушнат како се злоупотребени и приватни фирми во Кавадарци, пред локалните избори.

Ќе слушнеме како Миле Јанакиески, од позиција министер за транспорт и врски, бара од Александар Панов една приватна компанија од Кавадарци да ги притиска вработените да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Панов признава дека оваа компанија, сопственик на маркети во Кавадарци вработувала членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе слушнеме како Јанакиески се информира дали и сопственикот на познатиот бренд „Кожувчанка“, кој, какошто потврдува петтиот разговор, работи за ВМРО-ДПМНЕ, на денот на изборите своите вработени ги „изнел“ да гласаат.

Овој сет на разговори го завршуваме со три разговори помеѓу Влатко Мијалков и Кире Шошев, познат бизнисмен, вработен во Министерство за одбрана и сопственик на 1/3 од земјиштето во Росоман.

Јавноста ќе слушне како Влатко Мијалков бара од Шошев помош за објектите во сопственот на Армијата на Република Македонија во Кавадарци да ги земат негови блиски пријатели. Дури налага да се земе клуч од објектите за пријателите да можат да влезат во објектите на АРМ пред да се донесе одлуката за наем.

Во последниот разговор од овој сет јавноста ќе слушне потврда дека и началникот на полицијата бил поставен по партискиот клуч на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, овој разговор ја открива негрижата на најблиските луѓе на Никола Груевски за работниците во Кавадарци. Без грижа на совест, јас би рекол без душа, Влатко Мијалков вели „нека се тепаат, нека сршат глава, што ти е гајле“. Ете тоа ВМРО-ДПМНЕ го мисли за работниците.

Слушнете ја вистината

Следува сет од два нови разговори.

Во првиот разговор, помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов, само два дена пред првиот круг од локалните избори, Панов го информира Јанакиески дека поднел оставка на градоначалничката функција до Министерството за локална самоуправа.

Јавноста за оваа оставка никогаш не дозна иако имаше различни шпекулации помеѓу граѓаните на Кавадарци. Но вистината е една и таа секогаш излегува на виделина.

Токму вториот разговор од овој сет ја открива вистината каде „се загуби“ оставката на Панов. Миле Јанакиески во разговор со Мартин Протугер открива дека лично тој дал наредба барањето за оставка на Панов да биде скриено, за јавноста да не дознае. Зошто и на кој начин Александар Панов бил присилен да ја промени својата одлука и да ја повлече оставка се уште не може со сигурност да се потврди иако имаме одредени индиции.

Да ги слушнеме овие два разговори

Почитувaни граѓани,

Ова што ќе го слушнеме во продолжение се однесува на цела Македонија.

Се сеќавате дека уште во 2014 година СДСМ објави дека зад агенцијата за обезбедување Секјурити груп сервисис, или накратко СГС, стои директорот на УБК Сашо Мијалков? Се сеќавате дека и власта на Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ негираа дека Мијалков стои зад оваа фирма?

Епа денеска јавноста ќе ја слушне вистината: братучедот на Никола Груевски, директор на УБК, Сашо Мијалков, стои зад фирмата СГС којашто добива милионски тендери од институции, министерства, општини, јавни претпријатија, раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста ќе ја дознае вистината, како тоа оваа компанија, за период од само три години, успеала да склучи договори вредни 15 милиони евра.

Почнуваме со сет од пет разговори.

Во првиот разговор, помеѓу Сашо Мијалков и Слободан Николовски-Цобе, еден од клучните луѓе во Агенцијата, се отркива дека Мијалков ги обезбедува тендерите за СГС.

Мијалков го информира Николовски дека го контактирал Зоран Коњановски, тогаш на позиција заменик-инистер, за да му достави на Николовски тендерска документација за, како што вели Мијалков „да се спреми стратегија“.

Ќе слушнете како Николовски го информира Мијалков дека бројот на вработените во СГС достигнал над 930 луѓе на што Мијалков вели „чекај, уште да го завшриме ова со Ти-мобајл и ќе одиме до 1.100“.

Дополнително, Мијалков вели дека ќе го контактира Жарко Луковски, извршниот директор на Т-мобиле за Македонија, инаку кумашин на Мијалков, за како што самиот вели „да види до каде е таа работа“.

Во вториот разговор, јавноста ќе слушне како Николовски-Цобе се коориднира со, како што самиот го нарекува, „директорот“ Мијалков, и тоа за цените што СГС треба да ги прифати во договорот со Т- мобиле.

Ќе слушнете како Мијалков наложува во делот со цените да се игра „понефлексибилно“ односно СГС да не попушта во цената. Замислете, сетоа тоа во кородинација со Жарко Луковски, главен извршен директор на Т мобиле Македонија.

Во третиот разговор Мијалков информира дека веќе зборувал со Жарко Луковски за да провери до каде може да се оди со цената, но поради временската разлика се чека одговорот.
Овој разговор ја заокружува вистината дека Сашо Мијалков целосно стои зад агенцијата СГС и дека успева да издејствува милионски бизниси за оваа компанија. Дополнително, разговорот открива дека Мијалков одлучува дури и какви возила да бидат набавени за потребите на агенцијата СГС.

Во четвртиот разговор од овој сет Мијалков и Николовски-Цобе договараат средба на којашто треба да го информира за трошоците на СГС. Во истиот разговор, Мијалков потврдува дека и неговите пријатели од мобилниот оператор Албафон треба да склучат договор со СГС. За да се реализира оваа зделка потребни се измени во договорот со Телеком. Мијалков вели дека ќе зборува со Жарко Луковски дали може тоа да се промени договорот со Т-мобиле за СГС да може да го склучи и овој договор.

Последниот разговор од овој сет ја заокружва вистината дека Мијалков договара и други тендери за СГС преку други министри на Груевски.

Слушнете ја вистината

Почитувани граѓани, се е јасно. Ете кој стои зад СГС, ете како се добиваат договори вредни милиони евра.

Во продолжение ќе слушнеме дека Мијалков може да одреди кој да биде вработен во СГС а кој да биде избркан. Ќе слушнеме дека и оваа агенција работи за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот разговор од овој сет Муса Џафери од ДУИ регира дека во агенцијата СГС има вработено лица, членови на ДПА. Мијалков вели сите ќе бидат ДУИ ако треба, само дајте ми ги имињата и ќе бидат трганти.

Следниот разгвор, помеѓу Мијалков и Николовски-Цобе потврдува дека агенцијата СГС треба да обезбеди вработувања за коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, а ДУИ пак да обезбеди гласови за ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е голем интерес партиски“ вели Мијаков.

Последните четири разговори за денеска ќе покажат до каде одел Мијалков во грижата за СГС.

Како договарал прием на бизнисмени од една соседна држава, во неговата канцеларија, во УБК.

Како се грижел за имиџот на СГС во јавноста па интервенирал кај Дејан Митровски-Урко од обезбедувањето на Груевски, за текст објавен во неделникот Фокус.

Како се интересирал за секоја интервенција на СГС.

Почитувани граѓани,

Тоа е вистината за Кавадарци, тоа е вистината за Македонија.

Криминална банда како крлеж е залепена за фотелјите со единствена цел-нејзино богатење.

Ве повикувам, сите заедно, да не дозволиме ова зло некогаш да се повтори.

Продолжуваме.“– рече Ѓорѓиев.

IMG_0030 (1)

Извор: www.sdsm.org.mk