На 18-ти април се одржа регионален натпревар по англиски јазик во Струга во училиштето„ Јосип Броз Тито“. Натпреварот се организира од ЕЛТАМ- Асоцијацијата на наставници по англиски јазик на Република Македонија за учениците од втора година од средните училишта. Учениците од охридската гимназија успешно го претставија училиштето. Ученикот Петар Пипоски го освои второто место, а ученичката Климентина Коваческа третото место, под менторство на проф. Даниела Спироска. Учениците со тоа се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 9-ти мај во Скопје.
На 17-ти април, се одржа регионален натпревар по хемија во Струга во училиштето Ибраим Темо. После одржаните општински натпревари и освоените бодови, учениците од охридската гимназија учествуваа во сите категории и ги освоија следните места:
прва категорија
1. Марија Лазареска – второ место
2. Сара Стевоска – трето место
3. Олгица Симеонова – петто место
ментор: проф. Вера Гушеска Војнеска
втора категорија
1. Ана Бојаџиева – прво место
2. Емилија Симјановска – второ место
3. Александра Китеска – петто место
ментор: проф. Иваноска Јасминка
трета категорија
1. Аспасија Цветкоска – второ место
2. Маринела Цветаноска – трето место
3. Глушица Бојан – четврто место
ментор: проф. Билјана Стевоска
Државните натпревари ќе се одржат на 16-ти мај во Скопје.