Трагедија во скопски Чаир: Изгоре девојче

Вчера околу 23,30 часот на ул.„Емин Дураку“ од засега непознати причини избувнал пожар во стан, во кој како последица од опожарувањето починало деветгодишно девојче. Со телесни повреди се здобиле четири лица и истите се пренесени во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Пожарот е локализиран и од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал и истиот е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.