Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОСУ „Кирил и Методиј“ (Економско) во Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на капацитетите на ОСУ „Кирил и Методиј“ (Економско) за имплементацијата на планот за евакуација при несреќи во училиштето, што од страна на Црвен крст Охрид беше изготвен за потребите на училиштето во 2010 година.
Вежбата ќе се реализира утре (понеделник) со почеток во 10:45 часот во ОСУ „Кирил и Методиј“ (Економско) Охрид.
„Заинтересираните граѓани, показната вежба ќе можат да ја следат од посебно обележен простор во кругот на училиштето, а останатите ги известуваме дека во понеделник од 10:45-11:15 ч. во реонот на училиштето ОСУ „Кирил и Методиј“ (Економско) ќе бидат користени сирени на противпожарните и амбулантски возила и воедно се извинуваме за вознемирувањето.“- информираат од Црвен крст Охрид.