Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата по кои ќе се точат на бензинските пумпи во Македонија од полноќ па во следните две недели.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.04.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.04.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1)изнесува 46,00 ден/лит.