Свеченост по повод 90 години од раѓањето на еминентниот македонски лингвист Трајко Стаматоски

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на свеченоста по повод 90 години од раѓањето на еминентниот македонски лингвист Трајко Стаматоски, што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

Трајко Стаматоски е научен советник и почесен доктор на науки, по својата строга специјалност ономастичар, кој веќе 65 години работи на прашања од македонскиот јазик.Воедно, Стаматоски е автор е на околу 500 научни и стручни прилози и носител на повеќе награди и високи општествени признанија.

Во рамки на свеченоста поздравен говор одржа Елена Јованова – Грујовска, в.д. директорка на Институтот за македонски јазик, а пригодни обраќања за неговиот живот, дело и научен придонес, имаа повеќе соработници на Трајко Стаматоски.

Претседателот Иванов му го честита роденденот на Стаматоски и ја поздрави неговата научноистражувачка дејност и долгогодишен придонес во зачувување и унапредување на македонскиот литературен јазик.