Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, соопштува дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик 04/2015 за доставување барања за користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за следните мерки:
Мерка 321 – Подобрување на квалитетот на живот во рурална средина
Мерка 322 – Обнова и развој на селата
Мерка 323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните
подрачја
Финансиската поддршка за овој Јавен повик се исплаќа по принцип на финасирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата.
Право на користење на средствата имаат Единиците на локалната самоуправа- рурално подрачје, единиците на локалната самоуправа на чија територија се наоѓа руралната средина за која се однесува инвестицијата, Централните плански региони и Агенцијата за промоција и поддршка на туризнот во Република Македонија.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 јуни 2015 година.
Подетални информации можат да се добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид.