Охридските Египќани, кои како мирољубиви, лојални и конструктивни граѓани, кои ги преферираат демократските вредности како слободата и мирот, по повод, денешните непосакувани настани, кое се случија во Куманово, апелираат на крајна воздржаност, не подлегнување на провокации, смиреност и толеранција.
„Охрид, како мултиетнички и мултикултурен град, отсекогаш ја краселе, меѓуетничката хармонизираност, добрите меѓуетнички односи како и меѓучовечки односи. Во вакви, не посакувани околности, Египќаните го одбираат патот на мирот и традиционалниот соживот, кој го карактеризира овој град и нема да бидат на страната на агресијата и насилството. Повикуваме, на разумност, конструктивност и надминување на проблемите, низ формите на дијалог“, велат од НВО Коалицијата на Египќаните.