ВМРО-ДПМНЕ продолжува со големите народни собири низ цела Македонија.
Утре, недела ќе се оддржи нов голем народен собир, овој пат во Велес. Народниот собир е закажан за 13 часот во спортската сала на ООУ „Блаже Коневски“.
Јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.
На собирот ќе се обратат повеќе личности меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.