Заврши четириесетата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ја усвои информацијата за содржината и текстот на договорот по Одлуката на Советот на општина Охрид за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавно осветлување на општина Охрид и даде согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „ Билјанини Извори“.

На седницата беа усвоени измените и дополнувањата на Програмата за спорт за 2015 година, измените и дополнувањата на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2015-2017 година, измените и дополнувањата на Програмата за други комунални услуги за 2015 година, измените и дополнувањата на Развојната Програма за изградба на системи за водоснабдување 2015-2017 година, измените и дополнувањата на Развојната Програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015-2017 година, измените и дополнувањата на Развојната Програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2015-2017 година, измените и дополнувањата на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2015 година, измените идополнувањата на Развојната Програма за уредување на градежно земјиште 2015-2017 година, измените и дополнувањата на Програмата за одржување на јавнa чистота за 2015 година, измените и дополнувањата на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2015 година, изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локалната самоуправа општина Охрид за 2015 година, измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015-2017 година, за разрешување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид и за изменување на Одлуката за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид.