Викендов ќе се одиграат финалните натпревари од ракометниот Куп на Македонија

Полуфиналните и финалните натпревари од машкиот и женски ракометен Куп на Македонија ќе се играат викендов.

Полуфиналните натпревари од машкиот куп ќе се играат во четврток, а од женскиот во петок. Финалните натпревари се закажани за сабота во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Куп мажи

Пролет 62 – Металург, четврток (14-ти мај) СРЦ „Кале“ во 17:00 часот

Вардар – Зомимак М, четврток (14-ти мај) СРЦ „Кале“ во 19:30 часот

Финале – сабота (16-ти мај) СЦ „Јане Сандански“ во 18:30 часот

Куп жени

Пелистер 2012 – Металург, петок (15-ти мај) СРЦ „Кале“ во 17:00 часот

Вардар – Вардар СЦБТ, петок (15-ти мај) СРЦ „Кале“ во 19:30 часот

Финале – сабота (16-ти мај) СЦ „Јане Сандански“ во 15:00 часот