Панорамскиот двокатен автобус пуштен во сообраќај за оваа летна сезона

ЈП „Билјанини Извори“ со промотивното возење на учениците – првачиња од ОУ „Христо Узунов“ официјално за оваа летна сезона го пушти во сообраќај панорамскиот двокатен автобус.

„Ги потсетуваме граѓаните на Охрид и сите правни субјекти заинтересирани за користењето на автобусот дека автобусот се изнајмува за превоз на организирани групи за панорамско разгледување на Охрид и околијата на Охрид“. – истакнуваат од претпријатието.

Дополнителни информации околу користењето на двокатниот автобус може да се добијат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (Спортска сала „Билјанини Извори“) и на следниот телефон 046/231-535.

2015PanoramskiAvtobus2