Продолжува доуредувањето на кејот во Пештани

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со активности за дооформување на шеталиштето на кејот на Охридското езеро во Пештани. Со овај зафат предвидено е поставување на бехатон плочки во должина од 750 м². По завршувањето на зафатот, ќе следи хортикултурно уредување, како и поставување на соодветно осветлување, клупи и канти за отпадоци на самиот кеј.

Инаку, во Пештани општина Охрид во изминатата година комплетно го изгради и уреди едниот дел од кејот, односно од рибниот ресторан до поранешната полициска станица, а со уредувањето на делот од рибниот ресторан кон Охрид пештанци и туристите ќе добијат комплетно ново и модерно уредено шеталиште покрај самото езеро.

Инфраструктурните зафати на кејот предвидени се да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона.

Pestani_infrastukturni_zafati_maj_2015_4853 Pestani_infrastukturni_zafati_maj_2015_4852 Pestani_infrastukturni_zafati_maj_2015_4851