Главните теми во дискусиите ги опфатија последиците од политичката криза врз европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија.
Беше изразено сочувство за загубените животи и повредените во нападите кај Куманово, како и загриженоста од присуство и активност на опасна терористичка група во Република Македонија.
Со министерот за надворешни работи на Бугарија се разговараше за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ.
Со министерот за надворешни работи на Грција се разговараше за предложените мерки за градење доверба од една страна, како и за наметнатиот спор за именувањето на Република Македонија, кој опстојува како пречка за членство во НАТО и ЕУ.
Со министрите за надворешните работи на Грција и Бугарија посебно се разговараше за условувањата кои земјите ги имаат поставено кон Република Македонија и кои се предуслови за одблокирање на процесот на пристапување кон ЕУ и НАТО.
Со сите министри на земји членки на НАТО и ЕУ беа разменети ставови околу ефектите кои ги има долгогодишното одложување на членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ врз Македонија и регионот.