Драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид ги започнува активностите за Прослава на Патрониот празник 24 мај-Денот на Сесловенските Просветители Кирил и Методиј, со прикажување на комедијата „Солунски патрдии“.
Комедијата ќе се одржи денес во Центарот за Култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот.
Влезот е слободен.