Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2015 година, во однос на првото тримесечје од 2014 година, е намалено за 43.0 %.
Намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски сортименти.
Зголемување на шумското производство е забележано кај огревното дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови.