Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи:
– Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и
– доказ за уплатен надомест за полагање на испитот.
Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Прашањата за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, содржани во јавно достапната база, се објавени на следниот линк http://e-prasanja.mk
Прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата потребни за подготовка за полагање на испитите се:
– Закон за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95,12, 164/13, 116/14),
– Правилник за големината на рибите под која не смеат да се ловат за стопански и рекреативен риболов (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11 и 57/13),
– Правилник за дозволени риболовни средства и нивната употреба за вршење стопански и рекраетивен риболов (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11 и 57/13),
– Правилник за начинот на обележување на појасот околу рибник (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 94/09),
– Правилник за начинот на обележување на пловните објекти и пломбирањето и евидентирањето на риболовниот алат (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08),
– Правилник за начинот на вршење на рибочуварска служба, формата и содржината на образецот на легитимацијата за рибочувар, како и начинот на нејзиното давање и одземање (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08) ,
– Правилник за формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзино издавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/10),
– Правилник за формата и содржината на образецот на дозволата за рекреативен риболов и образецот за водење евиденција, начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците (“Службен весник на Република Македонија“ бр.162/10),
– Риболовни основи (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/11, 145/11, 148/12, 18/13, 57/13, 20/15 и 35/15) и
– Издадени брошури за укажување на Прва помош од релевантни институции.