Традиционално одбележан Св. Атанасиј Велики (летен) во Рамне

Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики православните верници палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа.

Како секоја година, така и оваа стариот кум Никола Андриески даде ручек на присутните верници. Бидејќи никој не се пријави за иден кум за Танасовден (Зимен) кој се празнува на 31 јануари, кумството го презема црковниот одбор.

Ангелче Андриоски