Јуратовиќ: Иднината на Македонија зависи од прашањето за демократијата

Пратеникот во германскиот Парламент, Јосип Јуратовиќ во изјава за медиумите истакна:

„Јас сум Јосип Јуратовиќ, член на германскиот Парламент, задолжен сум за регионот на Западен Балкан.

Во последно време особено сме загрижени за ситуацијата во Македонија, која очигледно е прилично сложена. Пред се од политички аспект и од аспект на општеството и начинот на којшто се одвиваат работите.

Очигледно е дека овде се кршат основните човекови права. Бидејќи Македонија е демократска земја која е на патот на Европската Унија, за нас во Германија, но и во Европа е многу важно да се почитуваат човековите права.

Знаеме што се случуваше во последно време а пред нас се и протестите, односно демонстрации по прашањето на борбата за функционалност на една држава којашто се базира токму на демократските вредности, односно на слободи и човекови права. Дојдов да видам каква е ситуацијата, разговарав и со синдикатите денеска, со претставници на синдикатот, коишто како граѓани на Македонија исто така се силно загрижени од ситуацијата.

Од страната на синдикатот ми сигнализираа дека можеби некој повеќе или помалку јавно ќе се ангажира, но, во секој случај мислењето на синдикатите и работниците е дека моменталната ситуација во Македонија се однесува и на нив, односно на сите граѓани без разлика на социјалните разлики, без разлика на националното потекло. На крајот сите имаат исти проблем, а тоа е пред сè како ќе функционира оваа земја. Затоа што во однос на функционалноста и прашањето за демократските вредности зависи иднината на оваа земја и на економски и на социјален план.“– истакна Јуратовиќ.

Новинарско прашање:

Медиуми: Како според Вас може да се излезе од оваа политичка криза?

Јуратовиќ: Мислам дека пред сè, сите политички актери треба да се договорат како ќе ги воведат процесите во Македонија да се направи навистина правна, демократска држава. Останатото е договор. Но, на крајот, не е само прашањето на политичките актери туку и на целото македонско општество, односно на сите граѓани, солидарно да се сложат и да се договорат, каква земја сакаат и зависи колку ќе бидат сложни во нивните барања за спроведување на демократските процеси. Така ќе мора и политиката да одработи, односно дали сака земјата и понатаму да биде демократска односно да сака и понатаму да оди по европскиот пат.

Извор: www.sdsm.org.mk