Средношколската унија на Македонија дава отворена поддршка на големиот собир на граѓани кој ќе се одржи на 18 мај под мотото Македонија силна.
„Средношкослката унија на Македонија како репрезентативен претставник на средношколците и активен партнер на институциите во повеќе суштински процеси целосно ги поддржува целите и функциите на овој голем народен собир“, велат од Унијата.
Младите и средношколците застанувааат рамо до рамо со граѓаните и народот на Република Македонија и даваат поддршка на определбите за стабилна, силна и сигурна иднина на државата и сите нејзини граѓани.
„Средношколците се спротивставуваат на сите нелегитимни и насилни обиди за дестабилизација кои директно ја загрозуваат нашата иднина. Ние младите немаме ниту време ниту интерес од таквите мрачни сценарија и младите не се вазал и потчинети на политичарите туку слободно мислечки интелекти кои имаат подеднакво право да бидат дел од процесите кои ќе значат прогрес и напредок. Деструктивните политичари треба да ги тргнат рацете на политиката од младите и да престанат да прават политика на грбот на средношколците“, велат тие.
Поддржувањето на големиот собир значи јасно и гласно НЕ за деструкција и ДА за напредок и силна држава. Нашата поддршка е поддршка на определбите за Европска и силна Македонија, нагласуваат средношколците.
Извор: Нет Прес