На Државното Првенство во Футсал за основно образование кое се одржа од 14-ти до 16-ти мај во Општина Карпош, Скопје, учениците од ОУ„Христо Узунов“- Охрид го освоија всокото 3-то место во Република Македонија. Предходно во голема конкуренција на регионалниот натпревар во Кичево на екипи од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и Охрид учениците од ОУ „Христо Узунов“ го освоија првото место.
„Ова е голем успех за нас како училиште, но и вреден успех за учениците. Им честитам на учениците, но и на колегите по физичко образование кои ја водеа екипата до овој успех. Мислам дека достојно го претставивме нашето училиште, но и Опшина Охрид на овој финален натпревар. Голема благодарност до АД Жито Леб, АД Галеб – Охрид, Ресторан Чичо и Локалната самоуправа кои го спонзорираа учеството на нашата екипа.“ – изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, М-р Тони Симоновски.