Осветени конаците во црквата Св. Спас во Горно Лакочереј

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска присуствуваше на осветувањето на црковните конаци што по повод големиот христијански празник Спасовден се одржа во црквата Св. Спас во селото Горно Лакочереј.

Заедно со бројните верници, жители, охриѓани и гости од земјава и соседството градоначалникот, Бакрачески ги проследи сите верски обреди и обичаи.

Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј со свештенослужители од охридско.

Изградбата на конаците го направија селото Горно Лакочереј привлечна локација за посета и престој.